UX/UI Design Remote Academy
Темелна 30 неделна програма која ќе ти овозможи брз и успешен почеток на кариера во една од најбараните и најплатените професии на денешницата – UX/UI Дизајнер.
Почеток: 31 мај ’21

Темелна 30 неделна програма која ќе ти овозможи брз и успешен почеток на кариера во една од најбараните и најплатените професии на денешницата – UX/UI Дизајнер.
Почеток: 31 мај ’21
Дизајнирај успешен продукт кој ќе биде интуитивен за корисниците и профитабилен за компаниите.
Преку учење на Agile методи, работа со продукт тимови и совладување на најновите UX/UI методи стекни искуство и знаење кое ќе те направи незаменлив.
Наменски изградена програма од наш тим на UX/UI и бихевиорални маркетинг експерти кои ги креираат трендовите во индустријата.
Диференцирај се како дизајнер, преку решенија на реални продукти. Изгради портфолио од реални проекти кои ќе ги работиш во тим и сам, под менторство на инструкторите и партнерските компании.
Овие докажани UX/UI дизајнери имаат долгогодишно искуство и експретиза од работење во индустријата. Менторскиот пристап ќе ти донесе незаменлив увид во предизвиците кои ги носи професијата.
Ние го следиме твојот напредок заедно со нашите Learning Partners, HR тимови и инструктори. Талентите од Акадмијата ги поврзуваме со партнерските компании, водејќи сметка за задоволството на двете страни.
UX/UI дизајнер е втората најбаранa професија во 2020 според Onward Search Digital, Crative and Marketing Professioinals Salary Guide.
Оваа интензивна 30 неделна програма е методично конструирана за да те подготви за сите предизвици со кои ќе се соочиш во твојата кариера како UX/UI дизајнер. Тоа значи сè oд унапредување на аналитички mindset и research методологија па до совладување на основите принципи на UX и техничките алатки преку кои ќе ја спроведеш твојата визија во реален продукт.
Преку работа на реални проекти под водство на врвни ментори ќе научиш како да ги интегрираш дизајнот, функционалноста, корисничкото искуство и брендингот за да создадеш незаборавно искуство за крајниот корисник. Притоа ќе креираш и целосно портфолио со кое ќе се претставиш како UX/UI дизајнер пред нашите партнери за вработување.
По завршувањето на Академијата ќе имаш можност за пракса и вработување. Кариерниот тим од Brainster е тука да ти помогне да го преземеш следниот чекор во твојата кариера и да најдеш работа од соништата како UX/UI дизајнер во некоја од најдобрите tech компании на пазарот. Најдобрите студенти ќе имаат можност за интервју со нашите домашни и интернационални партнери.
Зошто е важна работата на реални проекти? Бидејќи најдобро се учи токму преку практични примери.
Оваа Академија оди чекор понапред во учењето преку изработување на реални проекти за компании од tech индустријата.
Имајќи предвид дека портфолиото на еден UX/UI дизајнер е она што ја дава вистинската слика за неговите способности, преку работата на реалните проекти, ти не само што ќе ги изучиш релевантните вештини и ќе добиеш важен insight и фидбек од компании и професионалци, туку и ќе започнеш да го создаваш твоето дизајнерско портфолио со кое во иднина ќе можеш самоуверено да се претставиш пред потенцијалните вработувачи.
Сите компании што продаваат продукти од било каков вид веќе мора да имаат веб-страница што вклучува и прегледен e-shop дел каде што посетителите ќе можат детално да разгледуваат и да купуваат без потешкотии. Создавањето и поставувањето на ваквото купувачко искуство е реален проект од огромна важност за секој иден UX/UI дизајнер.
На сите академиии на Brainster, студентите во текот на програмата ќе имаат прилика да посетуваат работилници за креирање на портфолија, подготовки за интервјуа и кариерни консултации како дел од Brainster Career, каде обуката ќе ја водат професионалците од платформата за поврзување на компании и професионалци од дигиталните индустрии
Погледни што сè e опфатено во овие области, каков е процесот на работа и кои се потребните алатки.
За да станеш наш студент НЕ ти е потребно предзнаење.
Одличен кандидат си ако:
Имаш пасија за дизајн и естетика
Сакаш да тестираш
Сакаш да иновираш
Сакаш да работиш со луѓе
Имаш силно развиено чувство за емпатија
Познавањата кои ќе ти помогнат кон побрза трансформација во UX/UI дизајн кариера:
Оваа Академија е за тебе ако си амбициозна и љубопитна личност која има пасија за учење и сака да расте во tech кариера и да работи како UX/UI дизајнер. За да се запишеш на Академијата не ти е потребно предзнаење. Нашата подготвителна програма ги обучува студентите со потребните предзнаења за успешен старт на програмата. Така што целата група студенти ќе има еднаков почеток. Секако, секогаш е плус за студентите ако имаат искуство или љубов кон уметност, дизајн, маркетинг, психологија, software development, архитектура или други блиски индустрии UX/UI дизајн.
Ако успешно го одбраниш завршниот проект, добиваш диплома. Најважно е дека ние ќе те обучиме од самиот почеток со сите алатки и вештини кои во моментот ги бараат компаниите кај UX/UI дизајн професионалците. Програмата е креирана од професионалци во индустријата за професионалци во индустријата. По завршување на нашата Академија ќе добиеш задолжителна пракса и можност за junior вработување.
Со пополнување на формуларот за апликација, влегуваш во нашата база на апликанти со останатите потенцијални студенти. Во рок од 24 часа, очекувај Ања (координаторот на Академијата) за да договорите датум и време за online средба со неа.
По средбата или интервјуто координаторот има состанок со тимот од Академијата и ги претставува кандидатите кои аплицираат т.е. нивната позадина, слободно време за академијата, желба за посветеност, кариерни аспирации, mindset и причини зошто се одлучиле за UX/UI дизајн. Ова го правиме со цел да ги препознаеме студентите кои се „doers“ што ќе го прифаќаат нашиот „no-bullshit approach”. Убедени сме дека луѓето со љубопитен ум и широко познавање од многу области се најдобрите кандидати за оваа Академија.
Да. Отворени сме за апликации и кога е групата е пополнета. Ќе имаш можност да имаш резервирано место за интервју и можност за влез во наредната група на Академијата.